Зекири: Заев ни посочи дека не смееме да се јавуваме кај судии за услуга

од Viktor Jovanov

Заев на сите функционери од СДСМ и владата, ни има кажано дека се може да се прави, но да се јавуваме по судии и да бараме услуга не. Не сееме страв, помина времето на стравот. Луѓето се ослободени, рече потпретседателот на СДСМ и пратеник Мухамед Зекири.

-Денешниот марш беше да испратиме порака дека судството и обвинителството по донесувањето на законот за ЈО се ослободени и дека слободно судиите и обвинителите без притисок од никого треба да работат. За се што има докази, судот по закон и Устав да делува. Ништо преку ноќ не може да се среди. Ние на власт дојдовме токму со таа цел дојдовме, да ја вратиме правдата. Знаеме како беше пред да дојдеме на власт, знаеме на кои потешкотии наидовме во однос на судството и се она што се случуваше, вели Зекири.

Тој смета дека со Законот за Јавно обвинителство се дава отворени раце сите судии да работат без притисок и да решаваат за случаите кои се покренати. Тој вели дека правдата треба да е еднаква и за тие што се на власт и за оние во опозиција. Според Зекири, тоа е цел, Македонија да биде нормална држава односно никој да нема страв дека ќе бидат местени судиите и место нив да одлучува за случаите.

Во однос на поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, Зекири вели дека во неговиот кабинет се најдети преку 30 предмети што се правосилни кои ги чувал во фиока и не се процесуирани.

Слични содржини