„Зелен хуман град” очекува застапеност во бројот на советници во Град Скопје

од Берта Китинска

Денешните избори помиаа со бројни нерегуларности и импровизации при толкувањето на Изборниот законик, оценија од „Зелен хуман град” .

– На сите изборни места, нашите овластени претставници констатираа дека околу 50 проценти од апаратите не функционираа при што луѓето биле принудени да ги користат останатите опции. Некои од овие опции одземаа и до 10-минути по гласач, што значеше дека луѓето беа принудувани да си заминат поради предолго чекање, истакна Драгана Велковска од „Зелен хуман град”.

Од таму најавуваат дека ќе поднесат приговори за сите забележани неправилности, а онаму каде што имаат докази, ќе поднесат и кривични пријави за злоупотреба на службената должност.

„Зелен хуман град” очекува застапеност во бројот на советници во Град Скопје, сепак, како што велат, ќе ги причекаат резултатите од гласањето.

– Премногу е рано за да можеме да кажеме какви било информации. Од она што пристигнува до нас од нашите набљудувачи имаме убава застапеност во смисла на процентност на освоени гласови што ќе значи голем број на советници во Град Скопје, но, да почекаме до официјалните резултати, истакна Петровска.

Слични содржини