Зелен хуман град: Се менуваат правилата на игра за собирање потписи среде почнат процес

од Vladimir Zorba

Според неофицијалните информации кои ги добија независните кандидати, Изборниот законик ќе се менува штом пратениците се вратат од одмор на 17 август со цел да се покачи прагот за потребни потписи среде почнат процес за собирање потписи. Ќе се зголеми прагот во сите општини каде што има најавено независни листи. Менување на правилата на игра среде почнат процес за собирање потписи е досега невидено и е вовед во диктатура на партизмот која не смееме да ја дозволиме, велат од Зелен хуман град, здружена иницијатива на 20 организации и активистички групи од Скопје.

„Прагот од 1% не е нималку наивна ниту демократична бројка. Тоа во комбинација со исклучително бирократизираниот процес преполн со административни пречки, за најавените независни листи значи енормно зголемување на потребните потписи, кое е најизразено за Град Скопје. Наместо досегашните 1.000 потписи, за Град Скопје со најавените недемократски измени на Изборниот законик ќе бидат потребни речиси 5.000 потписи. За споредба, на последните локални избори (2017 г.) советничко место во Град Скопје се добивало со 5.700 гласови“, посочуваат оттаму.

Слични содржини