„Зелен хуман град“ во Купрум – напуштената фабрика за бакар: Овој простор треба да се трансформира во младински центар

од Берта Китинска

Во сегашноста, објектите на историското еколошко жариште – фабриката за производство на бакар Купрум во населбата Хром пропаѓаат, бидејќи не се решени имотно-правните односи. Земјиштето и објектите се делумно во државна, делумно во привата сопственост, а еден дел влегуваат во стечајната маса на поранешната фабрика, вели Ана Петровска кандидат за градоначалник на Град Скопје од „Зелен хуман град“ која заедно со Хајди Секвенц, советничката во Виена од Австриските Зелени беше на изложба на мурали во Купрум – напуштена фабрика за бакар кајшто купивме билет за зелена и хумана иднина.

Овој простор како да ги повикува младите и уметниците да создаваат зелени иновации и уметност.

Шетајќи покрај прекрасните мурали насликани на ѕидовите, Хајди Секвенц одушевено коментираше: „Овој простор има специфичен карактер, објектите не смее да се срушат и на нивно место да се градат станбени згради!“

Од „Зелен хуман град“ велат дек а Градот Скопје и општината Ѓорче Петров мора овој простор да го трансформираат во младински центар.

-Да се формираат зелени стартапи, занаетчиски работилници, помеѓу другото и за поправка на домашни апарати и мебел. На просторот може да се организираат изложби, концерти и други културни настани.  Напуштените индустриски објекти, стоваришта, културни домови, училишта, месни заедници, мора да се ревитализираат и пренаменат во јавни простори со многу зеленило и нови паркови. Само така Скопје ќе биде зелен и хуман град, додаваат оттаму.

Слични содржини