Зелена агенда: Субвенции за граѓаните кои ќе вградат уреди на течен гас и метан во возилата

од Nikola Popovski

„Зелената агенда ја промовираме денес со една од мерките за справување со аерозагадувањето од страна на возилата, а тоа е мерката за субвенционирање на граѓаните кои што ќе вградат уреди за погон на течен гас, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилото“, објави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши на прес-конференција.

Според ова, граѓаните ќе имаат можност да остварат поврат од 50 проценти од трошокот, но не повеќе од 18.000 денари. За оваа цел, од Буџетот на Министерството за економија се одвоени 11 милиони денари.

Огласот ќе трае 60 дена по принципот „прв дојден, прв услужен“. Ќе се субвеницонира само едно возило на едно семејство.

„Сопствениците на возила произведени од 2005 година наваму треба да извршат купување и вградување на уред со погон на ТНГ, метан или друг вид алтернативно гориво во возилото од денот на објавување на јавниот повик во некои од фирмите кои вршат продажба и вградување на ваквите уреди, додава Бектеши.

Слични содржини