Зелена карта за Велика Британија во случај на Брегзит без договор

од desk4

Во моментов не се  патува  со зелени картони во сите земји-членки на ЕУ, Андора, Швајцарија и Србија

Европејците кои ќе патуваат со своите автомобили во Велика Британија во случај на Брегзит без договор ќе треба да имаат зелен  карон, предупреди британската асоцијација на осигурителни компании.

Милиони Британци кои ќе патуваат во земјите на ЕУ, исто така, ќе мора да добијат дополнителни документи по 29 март 2019 ако Обединетото Кралство излегува надвор од Европската унија без договор, велат англиските осигурителни компании.

Генералниот директор на Британската асоцијација на осигуреници, Хју Еванс, рече: “Како што се чини дека се повеќе и повеќе веројатно дека Велика Британија ќе ја напушти ЕУ без договор, би сакале сите наши клиенти да бидат информирани за тоа и што тоа им значи.

Ако живеете во Северна Ирска и се возите во Република Ирска или во која било друга земја на Европската унија, ќе ви треба Зелена карта за да докажете дека имате осигурување.

Ќе се издаде бесплатно за осигурување “. Минатата година Велика Британија се согласи со европските осигурителни власти да ја отстранат потребата за зелена карта во случај на Брегзит без договор. Но, овој документ сè уште не е ратификуван од страна на Европската комисија. Во моментов нема зелени картони во сите земји-членки на ЕУ, како и Андора, Швајцарија и Србија.

Слични содржини