Зеленска очајна поради својот син: Има 9 години, а сака да научи да користи оружје

од Stefanija Kuzmanovska

Првата дама на Украина, Олена Зеленска, изјави дека конфликтот во Украина го погодува нејзиното семејство, особено нејзиниот син. Сопругата на украинскиот претседател вели дека нивниот син го губи интересот за хобијата што ги имал и дека сака се повеќе и повеќе еден ден да стане војник.

Во ексклузивно интервју за NBC News, таа вели дека не може да го натера нејзиниот деветгодишен син да се занимава со уметност и хуманитарни науки.

– Син ми пред војната одеше на фолклор, свиреше клавир, учеше англиски и се занимаваше со спорт – вели Олена.

Првата дама на Украина вели дека сега ситуацијата е променета и дека нејзиниот син сака само да посетува боречки вештини и да научи да користи оружје.

Олена вчера им се обрати на членовите на американскиот Конгрес, молејќи ги да ѝ пружат поголема помош на Украина, која, како што рече, пет месеци се бори против Русија, велејќи дека оружјето може да помогне да се обезбеди „заедничка, голема победа“.

– Целосно сме скршени кога војната го уништува нашиот свет. Во Украина се уништуваат десетици илјади такви светови – рече меѓу другото Олена Зеленски за време на нејзиниот 15-минутен емотивен говор на украински пред американските конгресмени, членовите на Претставничкиот дом и Сенатот.

Сопругата на украинскиот претседател Владимир Зеленски покажа видео снимки од убиени или ранети деца, вклучително и тригодишно момче кое учи како да користи протетски екстремитети во Германија.

– Уште колку вакви семејства ќе уништи војната? Тоа се руските „Игри на гладта“ и затоа барам оружје, кое нема да се користи за војна на туѓа земја, туку за заштита на домовите и правото да се живее во нив. Одговорот е тука, во Вашингтон – изјави Олена.

Слични содржини