Зеленски: Благодарен сум на Бајден за помошта

од Nikola Popovski

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска на Твитер напиша дека му е благодарен на претседателот на САД, Џозеф Бајден за „невидената дипломатија на Вашингтон“ и воената помош.

Во исто време, украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба изјави дека разговарал со американскиот државен секретар Ентони Блинкен за овонеделните разговори со Русија, откако, како што пренесува Ројтерс, Русија акумулирала десетици илјади војници на границата со Украина.

„Добро е да се знае дека дипломатските активности со Русија сè уште се активни“, напиша Кулеба на Твитер.

Слични содржини