Зеленски: Цивилизираниот свет мора да ја запре војната веќе оваа година

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, изјави дека завршувањето на војната во Украина веќе оваа година е заедничка задача на цивилизираниот свет.

Зеленски во видеообраќање рече дека сега е многу важно секој кој има влијание врз информациите да учествува во информативната работа, пренесува „Униан“.

Тој рече дека тоа не важи само за новинарите, туку за „сите кои можат да ја шират вистината за агресијата“, односно кои можат „да го потсетат светот на украинските мажи и жени кои поминале низ окупацијата, низ загубите“.

Слични содржини