Зеленски денеска во посета на Велика Британија

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска ќе ја посети Велика Британија и ќе се сретне со британскиот премиер Риши Сунак, соопштија од кабинетот на Сунак.

Според информациите, Зеленски ќе ги посети украинските војници кои се на обука во Велика Британија и ќе се обрати пред британскиот парламент, пренесува „Ројтерс“.

Агенцијата наведува дека канцеларијата на Сунак објавила планови за проширување на обуката за вооружените сили на Украина и дека ќе бидат обучени борбени пилоти и маринци, како и дека ќе се забрза снабдувањето со опрема за украинската војска.

Слични содржини