Зеленски до Русите: Спротивставете се на мобилизацијата или предајте се

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, ги повика Русите да се спротивстават на мобилизацијата, а оние кои се веќе на фронтот да се предадат на вооружените сили на Украина во првата прилика.

Во видео обраќањето, кое делумно беше на руски, Зеленски ги повика Русите да не одговараат на мобилизацијата, да бегаат или да се предадат на украинските сили како затвореници во првата прилика, пренесува „Укринформ“.

Рускиот претседател Владимир Путин најави делумна мобилизација на 21 септември, а не долго потоа министерот за одбрана Сергеј Шојгу најави дека ќе бидат мобилизирани 300.000 резервисти.

Украинската армија постигна успех на неколку позиции

Зеленски рече дека на многу места долж линијата на фронтот се водат тешки битки со руските сили и дека припадниците на украинската армија постигнале успех на неколку позиции.

„Постигнавме успех на неколку борбени позиции“, рече Зеленски во синоќешното видео обраќање до нацијата, пренесе „Ројтерс“.

Слични содржини