277
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави денеска за време на разговорот со британскиот премиер Риши Сунак дека Украина итно треба да го зајакне својот систем за противвоздушна одбрана за да ги заштити луѓето, историското наследство и да продолжи со иницијативата за извоз на жито преку пристаништата на Црното Море.
„Зборував за секојдневните обиди на Русија да го уништи историскиот центар на Одеса и пристанишната инфраструктура. Мораме да ја заштитиме Одеса“, напиша Зеленски на Телеграм.
Тој изјави дека разговарале за натамошната одбранбена соработка, текот на украинските офанзивни операции и актуелните одбранбени потреби на Украина, пренесува „Интерфакс Украина“.