Зеленски: Добивме оружје кое не функционира

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот претседател Владимир Зеленски уште еднаш повтори дека му е потребна помош од Америка, бидејќи во спротивно ќе ја изгуби војната.

Во интервју за новинарите на АП, тој рече дека е загрижен оти промената на политичките сили во Вашингтон може да влијае на војната.

„Ако САД престанат да ни помагаат, нема да победиме“, рече тој.

Патем, новинарите на АП го придружуваа Зеленски на дел од неговото патување оваа недела на фронтовите на Украина и пограничниот регион Суми, кои беа ослободени непосредно по почетокот на војната пред една година.

Во поголемиот дел од војната, украинската војска беше поддржана од милијарди долари во муниција и оружје од западните земји. Зеленски ја поздрави помошта, но рече дека дел од ветените оружја сè уште не се испорачани, мислејќи на системот за воздушна одбрана од САД.

Тој додаде дека една европска нација испратила уште еден систем за противвоздушна одбрана во Украина, но тој не бил функционален и „морало да го менуваат одново и одново“. Тој не ја именуваше државата.

Зеленски, исто така, го повтори своето долгогодишно барање за борбени авиони, велејќи дека „сè уште немаме ништо кога станува збор за модерни воени авиони“.

Слични содржини