Зеленски допатува во ненајавена посета на Холандија

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот претседател Владимир Зеленски допатува во Холандија во ненајавена посета во која ќе го посети Меѓународниот кривичен суд, пренесе холандската агенција АНП.

Зеленски синоќа од Хелсинки пристигна на аеродромот Амстердам-Шипхол, каде присуствуваше на самитот на нордиските земји.

Претседателот на Украина денеска треба да го посети Меѓународниот кривичен суд во Хаг, кој во март издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин.

Планирана е средба со холандските парламентарци, како и разговор со холандскиот премиер Марк Руте, наведува АНП, повикувајќи се на неименувани извори.

Слични содржини