Зеленски го посети регионот Херсон и вети дека „ќе врати сè“

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска објави видео од неговата посета на јужниот украински регион Херсон, каде ја обиколи локалната инфраструктура и вети дека ќе „врати сè“ по руската инвазија, пренесува „Ројтерс“.

„Сè ќе вратиме, сè ќе вратиме. Како и секој град и село кое настрада поради окупаторот“, рече Зеленски на каналот Телеграм под видеото од неговата посета на регионот Херсон.

Тој изјави дека разговарал со локалното население за нивните актуелни проблеми и потреби.

Слични содржини