Зеленски го повика Си да ја посети Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот претседател Владимир Зеленски го повика кинескиот претседател Си Џинпинг да ја посети Украина и истакна дека победата на неговата земја во војната со Русија во голема мера зависи од помошта која доаѓа од САД и западните сојузници.

Зеленски го посети северниот регион Суми и на тој начин ја продолжи турнејата низ делови од земјата кои претрпеа поголеми штети од руската агресија, а во интервју за АП, чии новинари го следеа Зеленски на ова патување, тој го покани кинескиот претседател Си Џинпинг да ја посети Украина.

„Подготвени сме да го видиме овде. Сакам да разговарам со него. Имав контакт со него пред руската агресија, но цела оваа година, повеќе од една година, не разговаравме“, рече Зеленски.

Слични содржини