Зеленски и Мишел разговараа за поддршката на ЕУ за Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска во Киев разговараше со украинскиот претседател Владимир Зеленски за поддршката на ЕУ за Украина во борбата против Русија, како и за реформите потребни за пристапување на Украина во ЕУ по завршувањето на конфликтот.

На заедничката конференција со Мишел, Зеленски ги повика украинските сојузници што поскоро да достават повеќе оружје во Киев и оцени дека тоа ќе помогне да се гарантира безбедноста на Украина и Европа.

Мишел рече дека на Киев ќе му требаат повеќе реформи за зајакнување на владеењето на правото за Украина да може да се приклучи на ЕУ ден по завршувањето на војната, пренесува „Ројтерс“.

Слични содржини