Зеленски: Киев му предложи на Пекинг да се приклучи на украинската мировна формула

од Vladimir Zorba

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Киев и предложил на Кина да се приклучи на украинската мировна формула за ставање крај на руската војна во Украина.

Тој истакна дека се уште го чека одговорот на Пекинг, пренесе Ројтерс.

Зеленски го изјави ова за време на заедничкиот брифинг со јапонскиот премиер Фумио Кишида во Киев.

Слични содржини