12
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се обрати пред Европскиот парламент (ЕП) од Киев, кој ќе се состане во средината на ноември во Брисел по повод 1.000 дена од војната во Украина, соопшти денеска претседателката на ЕП, Роберта Мецола.
„Најавувам вонредна пленарна седница на ЕП во вторник, на 19 ноември за да се одбележат 1.000 дена храброст на народот на Украина“ од инвазијата на Русија која започна на 24 февруари 2022 година, напиша Мецола на платформата Х.
„Претседателот Зеленски ќе ни се придружи од Украина и ќе им се обрати на пратениците“, додаде таа.
Неколку земји од Европската унија стравуваат дека враќањето на американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа ќе доведе до намалување на американската поддршка за Украина.