Зеленски кон Русите: Замислете 14.000 трупови на стадион во Москва

од Vladimir Zorba

Во саботата, украинскиот претседател Володимир Зеленски одговори на појавувањето на рускиот лидер Владимир Путин на стадионот во Москва со испраќање мрачна порака.

Зеленски зборуваше еден ден откако Путин ја пофали „специјалната воена операција“ во Украина како „херојска“ мисија на руската војска за време на патриотскиот митинг на стадионот Лужники во Москва пред десетици илјади Руси.

„Сто илјади луѓе пред стадионот, заедно со 95.000 во самата арена, одговараат приближно на бројот на руски војници кои влегле во Украина“, рече Зеленски во видео пораката во саботата наутро.

„Сега замислете 14.000 трупови на овој стадион, заедно со уште десетици илјади ранети и осакатени“, рече тој, мислејќи на украинските проценки за руските загуби од почетокот на војната.

Зеленски уште еднаш повика на итен прекин на конфликтот. „Војната мора да заврши, предлозите на Украина се на маса“, изјави тој за украинскиот весник „Јустис“.

Слични содржини