Зеленски: Москва не ги научи лекциите од Втората светска војна

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот претседател Владимир Зеленски изрази огорченост поради изјавата на првиот руски дипломат Сергеј Лавров, кој тврди дека некои од најлошите антисемитисти, вклучително и Адолф Хитлер, биле Евреи, објавија денеска израелските медиуми.

Тој оцени дека тие изјави покажуваат дека Москва не ги научила лекциите од Втората светска војна и рече дека се напаѓаат споменици на жртвите и на преживеаните од Холокаустот.

„Рускиот врвен дипломат го обвинува еврејскиот народ за нацистичките злосторства. Немам зборови“, рече Зеленски доцна синоќа во видео порака објавена на неговиот Телеграм канал на украински јазик.

Рускиот министер за надворешни работи Лавров во неделата ја бранеше таканаречената денацификација на Украина, велејќи дека фактот што претседателот Зеленски е Евреин не исклучува да биде нацист и тврдеше дека нацистичкиот лидер има еврејско потекло, потсетуваат израелските медиуми.

Слични содржини