Зеленски му порача на Западот: „Забранете им го влезот на Русите, нека живеат во својот свет“

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска ги повика западните земји да го забранат влезот на сите Руси на една година со цел да се спречи Русија да анектира повеќе украинска територија.

Зеленски во интервју за „Вашингтон пост“ оцени дека најважни санкции се затворањето на границите затоа што „Русите земаат туѓа земја“. Тој додаде дека „Русите треба да живеат во својот свет додека не ја сменат својата филозофија“.

Смета дека оваа мерка треба да важи и за руските државјани кои ја напуштиле земјата. Според неговото мислење, одговорноста за нападот врз Украина е на „целото население на Русија“.

Москва објави дека на 11 септември ќе се одржи референдум за приклучување кон Русија во делови од регионите Керсон и Запорожје на истокот и југот на Украина, заедно со веќе закажаните регионални избори.

Зеленски во неделата предупреди дека ако Москва продолжи да спроведува референдуми за приклучување кон Русија на териториите под нејзина контрола, преговорите со Украина или нејзините меѓународни сојузници нема да бидат можни.

Слични содржини