Зеленски: На Украина ѝ треба моќна современа противракетна одбрана

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, изјави дека на Украина ѝ треба моќна и ефикасна противракетна одбрана.

Во видео-обраќање, откако Русија вчера истрела проектили на повеќе локации во Украина, Зеленски рече дека некои од проектилите се соборени, но дека на Киев му е потребна моќна противвоздушна одбрана, пренесува „Интерфакс Украина“.

Според Зеленски, одложувањето на трансферот на оружје во Украина е „покана до Русија повторно и повторно да напаѓа“.

Слични содржини