Зеленски незадоволен од одбивањето на ФИФА да се обрати на гледачите пред финалето

од Nikola Popovski

Претседателскиот кабинет на Володимир Зеленски денеска објави видео во кое украинскиот претседател зборува за неговото незадоволство од одбивањето на ФИФА да им се обрати на гледачите на финалето на Светското првенство во Катар.

„На светот му понудивме порака за мир. Апсолутно фер. Ја понудивме затоа што нема шампиони во војна и не може да биде нерешно“, соопштил претседателот на Украина.

Во петокот на 16 декември, Зеленски побара од ФИФА да му дозволи да им се обрати на гледачите пред почетокот на финалето на Светското првенство на ФИФА помеѓу Аргентина и Франција.

Настанот, кој го гледаат стотици милиони гледачи ширум светот, би бил одлична можност Зеленски да ги пренесе своите пораки, пишува Гардијан.

ФИФА не одговори на барањата за коментар, но јасно е дека Зеленски е одбиен поради можното ширење на политички пораки, што е незамисливо според правилата на оваа спортска организација.

Михаило Подољак, советник на претседателот на Украина, преку Твитер објави дека ФИФА не ја разбира катастрофата во која Русија го вовлече целиот свет со нападот на Украина.

Слични содржини