Зеленски номиниран за Нобелова награда

од Milan1

Голем број европски политичари предложија Володимир Зеленски да биде номиниран и да ја добие Нобеловата награда за мир за 2022 година.

Актуелни и поранешни политичари, европратеници, го повикаа норвешкиот Нобелов комитет да ја преиспита процедурата за номинирање за Нобеловата награда за мир за 2022 година и да го продолжи рокот за пријавување за да има време на листата да се додаде и Володомир Зеленски.

Прес-службата на Норвешкиот Нобелов комитет објави дека оваа година за Нобеловата награда за мир се номинирани 251 поединец и 92 организации.

Рускиот новинар и главен уредник на „Новаја газета” Дмитриј Муратов и филипинската новинарка Марија Реса ја добија Нобеловата награда за мир за 2021 година.

Слични содржини