Зеленски: Новинар и волонтер загина во близина на Изјум

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска соопшти дека новинарот Олександр Махов, кој се борел во Украина како волонтер, загинал во борбите кај градот Изјум на североистокот на земјата.

Махов (36) е најмалку осмиот новинар кој загинал во Украина од почетокот на конфликтот, пренесува „Гардијан“.

„Махов беше патриот и чесен, секогаш без суета. И секогаш беше меѓу најхрабрите, меѓу првите во редот“, рече Зеленски во видео обраќањето.

Слични содржини