Зеленски: Подготвен сум да разговарам со Путин, но само со него

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, повторно понуди директни разговори со претседателот на Русија, Владимир Путин и рече дека повлекувањето на Русија од Украина треба да биде почетна точка за какви било разговори.

„Како претседател, подготвен сум да разговарам со Путин, но само со него. Без ниту еден од неговите посредници. И тоа е во рамките на дијалог, а не ултиматум“, рече тој во интервју за италијанската телевизија РАИ 1 емитувана денеска во Украина, објави „Ројтерс“.

Во своите јавни коментари за изгледите за мировни преговори, Зеленски истакна дека Украина нема да прави компромиси за нејзиниот територијален интегритет.

Слични содржини