Зеленски разговарал со папата: Потребна ни е поддршката од светските духовни водачи

од Берта Китинска

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Твитер објави дека денеска разговарал со папата Франциско.

Тој е запознаен со агресијата што Руската Федерација ја спроведува во Украина, со страшните злосторства на Русија“, напиша Зеленски на Твитер.

„Ние сме му благодарни на папата за неговите молитви за Украина. На нашиот народ му е потребна поддршката од светските духовни водачи, кои мора да му ја пренесат на светот вистината за ужасите што агресорот ги прави во Украина“, додаде тој.

Слични содржини