Зеленски: Русите извршија терористички чин со нападот на трговскиот центар

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот претседател Владимир Зеленски утрово ја осуди Русија за нејзините „пресметани“ воздушни напади врз трговски центар во градот Кременчук, велејќи дека тоа е „терористички чин“, пренесе „Анадолија“.

Најмалку десет лица загинаа, а повеќе од 40 се повредени откако Русија изврши напад врз трговски центар во Кременчук за време на голема гужва во понеделникот.

– Руската држава стана најголемата терористичка организација во светот. И ова е факт. И тоа мора да биде правен факт – рече Зеленски и додаде:

„Секој во светот мора да знае дека купувањето или транспортот на руска нафта, одржувањето контакти со руските банки, плаќањето даноци и царини на руската држава значи давање пари на терористите“, рече тој.

Повеќе од 4.634 цивили се убиени во Украина од почетокот на војната на 24 февруари, според Обединетите нации. Според податоците на ОН, повеќе од 14 милиони луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови, вклучително и повеќе од осум милиони кои побегнале во други држави.

Слични содржини