Зеленски: Се подготвуваме да напредуваме во одредени насоки

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, изјави дека украинската армија држи клучни точки долж целата линија на фронтот со руските сили и дека се подготвуваат да напредуваат во одредени правци.

„Нашите момци храбро се бранат. А има насоки во кои се подготвуваме да напредуваме“, рече Зеленски во видео-обраќање, пренесува „Укринформ“.

Според Зеленски, Русите се обидуваат да префрлат дополнителни сили на фронтот.

Слични содржини