Зеленски: Шест милиони домаќинства и натаму без струја

од Vladimir Zorba

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека шест милиони домаќинства во земјата сè уште се без електрична енергија, по масовните руски ракетни напади оваа недела.

„Ограничувањата продолжија синоќа во многу региони, како и во Киев. Меѓутоа, бројот на погодени домаќинства без струја сега е двојно помал во споредба со средата“, рече Зеленски, пренесува Би-би-си.

Зеленски вели дека многу жители во Киев се без струја по 20 или 30 часа.

Слични содржини