Зеленски: Советот за безбедност на ОН да ја прогласи Русија за терористичка држава

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, побара од Советот за безбедност на ОН да ја одреди правната дефиниција на терминот „терористичка држава“ и ја обвини Русија за такво однесување.

„За жал, во овој момент ОН немаат правна дефиниција за поимот терористичка држава, за која се согласуваат сите земји членки на ОН“, изјави синоќа Зеленски на седницата на Советот за безбедност на ОН преку видео врска, пренесува РИА Новости.

Во исто време, претседателот на Украина апелираше до САД да ја прогласат Русија за земја која го спонзорира тероризмот.

Слични содржини