Зеленски: Станува збор за безбедноста на Балканот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека нема време да се изгуби кога станува збор за решавање на тензиите на истокот од земјата

Зеленски рече дека конфликтот во источна Украина, кој започна пред седум години по руската анексија на Крим, не е проблем само за Киев.

„Сега треба да дејствуваме многу брзо, разбирам дека ова е наш проблем, но мислам дека не само што е наш проблем, туку станува збор за безбедноста на Европа“, рече тој за Еуроњуз.

Тој додаде дека мора брзо да се премине од зборови во конкретни дела.

Зеленски денеска разговараше со францускиот претседател Емануел Макрон во Париз, а канцеларката Ангела Меркел учествуваше на состанокот преку видео конференција.

По тој повод, тие изразија загриженост за акумулацијата на руската армија на границата со Украина.

Слични содржини