Зеленски тврди дека Украина ја бранат 700.000 војници

од Nikola Popovski

Претседателот Володимир Зеленски денеска изјавил дека Украина ја бранат 700.000 војници. „Овде го гледате резултатот од работата на 700.000 луѓе кои се борат“, изјавил тој, пренесуваат украинските медиуми.

Според претседателот, украинската армија била премала во времето кога тој дошол на власт, поради што на почетокот на 2022 година потпишал указ за зголемување на вооружените сили за 100 илјади луѓе следната година. Тој нагласил дека Русија ги користи апсолутно сите свои резерви во нападот на Украина и спроведува тивка мобилизација.

Зеленски истакнал дека верува оти Украина е добро подготвена за војна. Тој рекол дека Русија не знае многу детали за одбраната на земјата што ја нападна и дека квалитетната подготовка помогнала Украина да не биде освоена во првите денови од војната, како што предвидувале разузнавачките и воените аналитичари.

Украина очекуваше напад

Зеленски потсетил дека Украина веќе подолго време живее во воена состојба, објаснувајќи дека не е само војната во Донбас, туку и сајбер напади, економски и финансиски чекори на Русија, блокирање на протокот на енергија и друго. Според Зеленски, фактот дека Русија ќе започне голема офанзива против Украина е познат „од октомври, а можеби и од септември“.

И покрај ова, никој навистина не знаеше каква ќе биде војната, бидејќи, како што потенцирал украинскиот претседател, ѓаволот е во деталите, а Украинците не беа сигурни дали Белорусија ќе се вклучи во војната и како ќе го направи тоа, пренесува порталот „Правда“.

Слични содржини