Зеленски: Убиени првите севернокорејски војници

од Milan1
46 прегледи

Во моментов 11.000 севернокорејски војници се присутни на руска територија во близина на украинската граница, поточно во регионот Курск“, рече Зеленски вчера на прес-конференција на самитот на европските лидери во Будимпешта.

„Некои од тие единици веќе учествуваа во борбени операции против украинските сили и веќе имаат жртви“, додаде тој, но не кажа колку жртви има.

Тешки борби се водат во регионот Курск откако Украина започна прекугранична офанзива на почетокот на август. Русите распоредија севернокорејски сили таму за да ги зајакнат сопствените трупи додека најискусните руски единици продолжуваат да напредуваат во источна Украина.

Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров пред неколку дена потврди дека веќе се случиле првите судири меѓу украинските вооружени сили и севернокорејските војници.

Слични содржини