Зеленски: Украина се уште не може да започне контраофанзива, чекаме муниција

од Vladimir Zorba

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека вооружените сили на Украина сè уште не можат да започнат контраофанзива, која беше планирана за пролет, нагласувајќи дека на Киев му требаат муниција и борбени авиони.

„Сè уште не можеме да почнеме“, рече Зеленски во интервју за јапонскиот весник „Џомури“, пренесе „Униан“.

Тој призна дека ситуацијата во источна Украина е „лоша“, главно поради недостигот на муниција.

Слични содржини