Зеленски жали за оставката на Џонсон: Со тага ја дочекавме оваа вест

од Nikola Popovski

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази жалење поради оставката на британскиот премиер Борис Џонсон на местото лидер на Конзервативната партија, соопштија во Киев.

Џонсон, инаку, ќе остане на премиерската позиција до изборот на нов партиски лидер, кој ќе биде и нов премиер на Велика Британија.

– Оваа вест ја примивме со тага. Не само јас лично, туку целото украинско општество кое многу ве цени, му рекол Зеленски на Џонсон во телефонски разговор, пренесува „Киев пост“.

Тој повторил дека „Украинците се исклучително благодарни на британскиот премиер за неговата поддршка за време на руската инвазија“.

Слични содржини