Зелката ги намалува килограмите

од Vladimir Zorba

 

Супата од зеленчук е позната за многу дами и многу од нив успеале со неа да се ослободат од вишокот килограми. Диетата е лесна за држење бидејќи супермаркетите и пазарите се преполни со различни зеленчуци. За оваа диета треба да набавите 3 килограми зелка, 6 главици кромид, 2-3 пиперки, сок од домати, магдонос и сол. Исечете ги сите производи ситно и сварете ги, потоа можете да ја консумитрате супата и нема ограничување колкаво количество може да изедете.

Диетата се држи една недела, како главна храна е супа од зеленчук. Сите 7 дена треба да пиете повеќе вода или незасладен чај. Забранети се грав и пченка, алкохолот и газираните пијалоци. Заборавете на леб и пржено. На осмиот ден вагата би требало да покаже 6-8 кила помалку.

 

А сега режимот:

1 ден: супа плус свеж плод по избор. Забрането е само консумирањето банана.

2 ден: комбинирајте супа со свеж зеленчук. Може и варен.

3 ден: супа, овошје и зеленчук, но овој пат без компири.

4 ден: Ако сте ја почитувале строго диетата, веќе треба да сте минус 3 кг. Во овој ден освен супата, може да си дозволи 6 банани и млеко.

5 ден: кон супа додајте варено телешко, но не повеќе од 600 гр. и домати. Испијте барем 6 чаши вода.

6 ден: повторно со супата каснете и телешко. Може да го замените и со пилешко, но без кожа. Додајте и свежи зеленчуци.

7 ден: во овој ден освен супа ви се дозволени зеленчук и ориз, варен во малку вода. Можете да го посолите  и да го прелиена со доматен сок.

Слични содржини