Зелвегер изгледа анорексично, а Хајек го покажа бујното деколте

Синоќа во Лос Анџелес беа одржани 77. доделувања на Златните глобуси, а посебно внимание привлече Рене Зелвегер која ја освои наградата за најдобра актерка во категоријата драма. Американската актерка го отелотвори ликот на Џуди Гарланд во филмот „Џуди“, а во меѓувреме изглубила дури 15 килограми.

Поради тоа, обожавателите биле шокирани со нејзиниот изглед на синожешниот црвен тепих. Зелвегер носеше долг син фустан од италијанскиот бренд Армани кој ја нагласуваше нејзината витка линија.

-Изгледаш помалку анорексично – коментираа фановите за изгледот на актерката.

Рене наводно била на диета на која морало да се внесува 40% јагленхидрати, 30% протеини и 30% масти. Освен за слабеење, ваквиот начин на исхрана се смета добар и за здравјето.

На црвениот тепих заблеска и мексиканско-американската актерка Селма Хајек која со својата појава уште еднаш докажа дека годините се само бројка. Хајек облекла тесна Гучи тоалета и го наглсла бујното деколте.

Со длабоко деколте с пофали и Скарлет Јохансон која облекла долг тесен свилен фустан, а од накит носеше 120 каратен ѓердан. Без градник, на црвениот тепих, дојде и КЕри Вашингтон. Актерката наместо градник носеше „ланец“ со потпис на Altuzarre.

Актерот Били Портер, познат по своите контроверзни изгледи, ниту овој пат не разочара. Портер носеше рачно изработено бело одело со долг плашт со ефект на перја од дизајнерот Alex Vinasha.

Ѕвездата на филмот „Hustlers“ актерката и пејачка Џенифер Лопез за доделувањето на Златните глобуси одлучи да се „замота“ во машна. Лопез избрала фустан од модната куќа Валентино со голема машна кај градите, а комбинацијата ја надополнила со ѓердан од 145 карати.

Слични содржини