Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала го погоди Пелопонез

од Radmila Tasevska

Земјотрес со јачина од 4,1 степени ги погоди областите Лаконија и Месинија на Пелопонез во јужна Грција, објави Екатемерини.

Епицентарот на земјотресот, кој се случи во вторникот во 22:50 часот, бил на 38 километри југозападно од Геролименас, крајбрежно село на јужниот дел на полуостровот Мани, на длабочина од пет километри, соопшти Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија на Атина.

Според информациите, засега нема извештаи за повредени или материјална штета.

Слични содржини