Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала во Романија, почувствуван и во Србија

од Radmila Tasevska

Нов земјотрес со јачина од 5,7 степени е регистриран денес во Романија, покажуваат податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотресот е регистриран во 13 часот и 16 минути на длабочина од 10 километри, на 73 километри североисточно од градот Дробета-Турну Северин.

Земјотресот беше почувствуван и во Србија како и во Белград. Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала вчера ја погоди и Романија.

Слични содржини