Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индонезија

од Radmila Tasevska

Силен земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала денес ја погоди областа Танимбар во Индонезија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотресот се случил на длабочина од 97 километри, соопшти EMSC, пренесе Ројтерс.

Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.

Слични содржини