Земала апчиња за намалување на температурата: Жена од градот од каде што се појави смртоносниот вирус, ја измамила аеродромската контрола во Париз (фото)

од Nikola Popovski

Кинеската амбасада во Париз соопшти дека пронашла жена од Вухан, која на социјалните мрежи објавила дека земала апчиња за да намали телесната температура, како би ги намалила здравствените проверки на аеродромот.

Амбасадата потврди дека нејзините симптоми сега се под контрола.

Жената го напуштила Вухан пред појавата на новиот коронавирус, кој досега однесе 26 човечки животи и ги откажа авионските летови.

Таа на социјалните медиуми објави фотографии како вечера во ресторан во Лион, јавува Би-Би-Си.

– Имав мала треска и кашлица пред да заминам. Се исплашив до смрт и побрзав да земам лек за да ја намалам температурата. За среќа, успеав да ја спуштам и да се извлечам без метеж – изјави оваа жена на социјалната мрежа.

Нејзиниот пост брзо се прошири низ светот и беше критикуван од многу корисници.

Кинеската амбасада во Париз во средата соопшти дека примила повици и е-пошта од жена која земала антипиретици и била во контакт со неа. Била советувана да повика лекар.

Во новата изјава во четвртокот, амбасадата вели дека температурата на жената е под контрола, дека таа веќе нема треска или симптоми на грип и дека во овој момент нема потреба од нови прегледи.

Слични содржини