Земја со 97 милиони жители нема жртва од коронавирус

од Vladimir Zorba

Јужна Кореја, Тајван и Хонг Конг се истакнати како примери на успешна борба со Ковид 19, но успехот постигнат од Виетнам е занемарен, проценува Си-Ен-Ен.

Земјата со население од 97 милиони не објави починати од коронавирус, а има само 328 потврдени случаи, и покрај долгата граница со Кина и фактот дека милиони Кинези го посетуваат Виетнам секоја година.

Успехот е уште поголем ако се има предвид дека Виетнам е земја чии жители се претежно со ниски и средни приходи и има послаб здравствен систем од земјите во регионот.

Виетнам има само осум доктори на 10.000 жители.

По тринеделниот карантин низ целата земја, Виетнам го укина правилото за социјално дистанцирање на крајот на април.

Повеќе од 40 дена нема регистрирано локални инфекции во земјата, а бизнисите и училиштата повторно се отворија и животот постепено се враќа во нормала. За скептиците, официјалните податоци на Виетнам можат да изгледаат премногу добри за да бидат точни.

Како и да е, Гуи Тваитс, епидемиолог, кој работи во една од главните болници назначени од виетнамската влада за третман на пациенти „Ковид-19“, истакнува дека овие бројки соодветствуваат на реалната состојба.

Како тогаш Виетнам успеа да спречи ширење на вирусот, прашува Си-Ен-Ен.

Одговорот, според експертите за јавно здравје, лежи во комбинација на неколку фактори – од брз одговор на владата за спречување на ширење на вирусот, до ригорозно следење на контакти и ефективна јавна комуникација.

Виетнам започна да се подготвува за епидемија на коронавирус неколку недели пред да се открие првиот случај на земјата.

Карантинските мерки беа брзо преземени, а на 12 февруари се затвори цело село со 10.000 жители, северно од Ханој. По седум откриени случаи на инфекција, селото било ставено во карантин 20 дена, што е прва голема изолација надвор од Кина.

На училиштата и универзитетите, кои требаше да се отворат во февруари, по Лунарната Нова Година, им беше наредено да останат затворени и не беа отворени до мај.

Покрај тоа, одлучната потрага по контакт го намали преносот на вирусот во заедницата.

Властите строго барале контакти со потврдени случаи на коронавирус и ги ставиле во задолжителен двонеделен карантин.

Напорите да се бараат контакти во Виетнам беа толку силни што вклучуваат не само директни, туку и индиректни контакти.

Третиот фактор што придонесе за успешна борба на Виетнам против вирусот беше јавната комуникација и пропагандата, посочува Си-Ен-Ен.

Веб-страници, телефонски линии и апликации ги посочуваа најновите информации за епидемијата.

На крајот на февруари, Министерството за здравство на Виетнам објави интересно музичко видео засновано на виетнамскиот поп хит, а целта беше да се покаже соодветно миење на рацете и други мерки за хигиена за време на епидемијата.

Епидемиолозите во Виетнам посочуваат дека искуството од епидемиите на САРС и птичјиот грип им било од големо значење.

Слични содржини