Земјите од ЕУ бараат измени во договорите за набавка на вакцини против ковид 19

од Stefanija Kuzmanovska

Владите на ЕУ го засилуваат притисокот врз Pfizer и другите производители на вакцини против ковид-19 да ги преиспитаат договорите за продажба, предупредувајќи дека милиони дози вакцини кои повеќе не се потребни може да пропаднат, се наведува во документот до кој има пристап „Ројтерс“.

Министрите за здравство на ЕУ вчера разговараа за ова во Луксембург, иако Европската комисија изрази резервираност за тоа што може да се постигне.

Неименуван полски дипломат изјави за „Ројтерс“ дека земјата ги води напорите за ревидирање на договорите со фармацевтските компании, бидејќи има повеќе од 30 милиони дози на залиха, а сегашниот договор ја обврзува да купи уште 70 милиони вакцини.

Слични содржини