Земјите од ЕУ најавија помош и опрема за справување со огнената стихија во Македонија

од Nikola Popovski

Помошта од Словенија за справување со пожарите се реализира по телефонскиот разговор меѓу министерката за одбрана Радмила Шекеринска и нејзиниот словенечки колега, Матеј Тонин.

„Се надевам дека ќе ги скротите огновите што е можно поскоро“, и напишал министерот Тонин на Шекеринска, информирајќи ја за брзата реакција на сојузничката земја, соопштија од Министертсвото за одбрана.

Шекеринска на „Фејсбук“ напиша дека се зголемува и ангажманот на Армијата во регионот на Делчево и Пехчево – 400 припадници на Армијата во моментов го гаснат пожарот кај селата Истевник, Робово и Умлена.

Денеска и Јанез Ленарчиќ, шефот на европската Комисија за управување со кризи најави дека Унијата ќе испрати помош од возила и капацитети кои ќе помогнат со справувањето на пожарите на територијата на земјава, но и во Грција.

„Помошта доаѓа од Шведска, Франција, Австрија, Бугарија и од сателитите за набљудување на ЕУ“, напиша Ленарчиќ.

Помош за гасење на пожарите во земјава веќе испратија Бугарија и Словенија, како и Србија со четири хеликоптери кои веќе се ангажирани во гасењето на огнената стихија.

Слични содржини