Земјите од ЕУ во знак на солидарност ѝ испраќаат 100.000 вакцини на Чешка

од Nikola Popovski

Земјите од Европската унија денеска се согласиле да испратат 100.000 дози вакцини во Чешка, каде епидемијата Ковид-19 излезе од контрола и земјата доцни со вакцинацијата.

„Конечно добра вест. Благодарение на солидарноста на ЕУ, следната недела ќе добиеме вонредни 100.000 дози вакцини Фајзер. Можеме да вакцинираме побрзо, сега кога ни е најпотребно. Благодарам до Европската комисија и сите земји-членки “, напишал чешкиот премиер Андреј Бабиш на Твитер денес.

Претходно, Франција вети дека во март ќе испрати 100.000 дози вакцина АстраЗенека во Чешка, а Германија веќе донирала 15.000 вакцини на тој производител на Чешка за трите најзагрозени региони на границата со Германија.

Чешкиот министер за надворешни работи Томас Петсичек предизвика мал скандал денес кога објави дека Чешка ја одбила понудата на Обединетите Арапски Емирати за испорака на два милиони вакцини АстраЗенека, кои се произведени во Индија.

„Не стануваше збор за никаква официјална понуда за купување вакцини од ОАЕ. Од таа земја дошла понуда од медијатор за купување вакцини во Индија. Тоа беше испорака што не е лиценцирана во ЕУ. Мораме да купуваме вакцини на таков начин што безбедноста ќе биде загарантирана “, одговорил вечерва чешкиот министер за здравство, Јан Блатни, на прашањето зошто ги одбил тие вакцини.

Чешка е шеста најбавна во ЕУ според брзината на вакцинирање, а другите земји од Вишеградската група, како што е Полска, која, како и Чешка, користи само европски испораки и вакцини одобрени од Европската агенција за лекови, се вакцинираат побрзо од неа.

Слични содржини