Земјотрес го стресе Скопје и регионов

од desk4

Два земјотреса со магнитуди од 6,4 и 5,3 степени според Рихтеровата скала се почувствувани рано изутринава во 03:54 и во 04:03 часот во Северна Македонија, Албанија, Црна Гора , Босна, Грција..

 

Според Австралиската сеизмичка опсерваторија, земјотресот бил на длабочина од 37 километри. Земјотресот удрил на 10 км северозападно од Шијак. Ова е втор голем потрес по оној со магнитуда од 5,6 на 21 септември, кој оштети околу 500 куќи и за кој Министерството за одбрана на Албанија рече дека е најсилен во последниве 30 години. Засега нема информации за евентуални штети во епицентралното подрачје.

Според Европскиот медитетарнски сезимолошки центар, епицентарот на земјотресите бил во близина на албанскиот град Драч на длабочина од 10 километри.

Во текот на претходниот час, регистрирани се и два други посилни земјотреса со 4,8 и 3,1 степени.

Илјадници жители се излезени на улиците во Тирана и останатите градови блиски до епицентарот, јавуваат локалните медиуми.

Земјотресот, според извештаите е почувствуван дури до Нови Сад, Србија, Анкона и Наполи во Италија, Ламиа во Грција, Софија во Бугарија, Сплит во Хрватска и Бања Лука во Босна и Херцеговина.

Слични содржини