Земјотрес ја погоди Хрватска, се почувствувал и во БиХ

од Nikola Popovski

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Европскиот медитерански сеизмолошки центар ја погодил Далмација во 12:59 часот, а неговиот епицентар бил на 12 километри од Грачац, Хрватска.

Потресот бил почувствуван низ Далмација, според очевидци кои оставиле сведочења на порталот ЕМСЦ.

Според граѓаните, земјотресот се почувствувал и во Босна и Херцеговина, поточно во Приедор, Мостар, Бихаќ, Дрвар.

Како што потврди сеизмологот Крешимир Кук за, земјотресот бил умерено силен и со јачина од 4,0 степени според Рихтеровата скала.

Слични содржини