Земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

од Vladimir Zorba

Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди јужниот брег на јапонскиот регион Токаидо.

Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА) објави дека земјотресот се случил на длабочина од 450 километри, пренесe Анадолија.

По земјотресот не беше издадено предупредување за цунами.

Засега нема информации за жртви или материјална штета.

Слични содржини